резимира (св. и несв.)
Тие резултати јас ги резимирав во два пункта: Македонија по Востанието е загубена за бугарската народност и Македонците ќе си ги сознаат грешките што беа причина за несреќите од воставањето, ќе се откажат од досегашната насоченост на нивното национално самосознание и ќе им отворат систематска борба на сите национални и верски пропаганди во Македонија, вклучително и на бугарската, за да можат со одделувањето на своите интереси од интересите на пропагандите да го постигнат националното обединување помеѓу себе.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И ноќеска ќе стоиме потпрени на прозорецот, резимирајќи го поминатиот ден: Станавме се измивме јадевме ѓеврек штракавме по тастатура некој ни се јави правевме ручек прошетавме на сонце гледавме вести читавме остана уште камионот, за сѐ да се заокружи.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Да резимирам: Врти сучи една недела легачиш. Понатаму до кај дваесети мај има мало затишје пред бура.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Во овие зборови можеше да се резимира сето Мајкино верување, црпено од светите книги на монотеистичките религии.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Да резимираме: инструменталниот однос спрема телото којшто кај Декарт го воспоставува духот-субјект, кај Спиноза е надоместен со еден сосема поинаков став спрема телото, можеме да речеме агностицизам: не знаеме што може телото без соработка со духот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
- Сознанијата од внатрешни можат да се резимираат само во еден исказ: не се забележани, од негова страна, противнародни дејанија - одговори другарот Чапаев.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)